Wednesday, May 6, 2015

  •          Витамини растворливи во масла

Витамините растворливи во масла ( тоа се витамините А,D,E I K ) од друга страна полесно се складираат во телото и почесто може да предизвикаат хипервитаминози. Сепак и тие се многу важни за правилното функционирање на организмот и нивните резерви треба да се надополнуваат секојдневно.

Витамините се органски соединенија, кои можат да се создадат во растенијата или животните, додека минералите се неоргански елементи кои доаѓаат од земјата и водата и кои се апсорбирани од растенијата кои ги консумираме или се изедени од животните со чие месо се храниме. Постојат 13 витамини и 15 минерали кои постојано му се потребни поголеми количини од некои минерали, како што е на пример калциумот. Други пак, како хром, бакар, јод, железо, селен и цинк се наречени минерали во трагови бидејќи потребна ви е многу мала количина од нив секој ден. Некои од нив имаат круцијални функции во биолошките процеси, други пак се важни електролити во телесните течности. Препорачаниот начин за човекот да внесува витамини и минерали е преку храната која ја конзумира. 

No comments:

Post a Comment