Во оваа проектна задача ќе биде разгледана темата за витамини. Поради
важноста на витамините за живите организми потребно е и нивно проучување. Витамините се откриени дури на почетокот на 20 -
тиот век.
Биохемичарот Casimir Funk им го дал во 1911 година името „Vitamin“ (vita = живот, amin = азотна група).Заедничко својство на сите витамини:
СИТЕ ВИТАМИНИ СЕ ТЕРМОЛАБИЛНИ соединенија, односно се распаѓаат доколку бидат загреани на повисоки температури (повисоки од 60ºС). Витамините се важни комплексни соединенија за нормалното биолошко функционирање на живите организми. Растенијата и некои микроорганизми се способни сами да ги синтетизираат сите потребни витамини, додека животните одредени витамини ги создаваат сами, а други мора да ги внесат преку исхраната.Витамините се делат на витамини растворливи во вода и витамини растворливи во масти. Витамините се среќаваат во две основни форми: активна (дејствуваат веднаш во организмот) и неактивна (за да дејствуваат, треба да се активираат). Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма, но има и такви кои се внесуваат во неактивна форма.

No comments:
Post a Comment