Wednesday, May 6, 2015

  •          Витамини растворливи во масла

Витамините растворливи во масла ( тоа се витамините А,D,E I K ) од друга страна полесно се складираат во телото и почесто може да предизвикаат хипервитаминози. Сепак и тие се многу важни за правилното функционирање на организмот и нивните резерви треба да се надополнуваат секојдневно.

Витамините се органски соединенија, кои можат да се создадат во растенијата или животните, додека минералите се неоргански елементи кои доаѓаат од земјата и водата и кои се апсорбирани од растенијата кои ги консумираме или се изедени од животните со чие месо се храниме. Постојат 13 витамини и 15 минерали кои постојано му се потребни поголеми количини од некои минерали, како што е на пример калциумот. Други пак, како хром, бакар, јод, железо, селен и цинк се наречени минерали во трагови бидејќи потребна ви е многу мала количина од нив секој ден. Некои од нив имаат круцијални функции во биолошките процеси, други пак се важни електролити во телесните течности. Препорачаниот начин за човекот да внесува витамини и минерали е преку храната која ја конзумира. 

Поделба на витамините

●Поделба на витамините

Витамините се клучни за секој процес што се случува во нашето тело.Тие не работат сами, наместо тоа тие се во тесна соработка со други молекули во клетките.Исто така играат незаменлива улога во метаболизмот, обозможувајќи безброј процеси во телото да се одвиваат нормално. Витамините се делат на: витамини растворливи во вода и витамини растворливи во масла.


-Витамини раствориливи во вода
Витамините растворливи во вода како што кажува и името, треба да бидат растворени во вода пред да може телото да ги апсорбира. Такви се C витаминот, витамините од В комплексот (В1,В2,В6,В12,фолната киселина-В9,ниацинот-В3,панотенската киселина-В5 и биотинот-В7). Човечкиот организам не може да ги произведува ниту целосно да ги зачува внесените витамини. Витамините растворливи во вода, како што сугерира и нивното име, поради полесната растворливост побрзо поминуваат низ метаболизмот и побрзо се исфрлаат од телото, најчесто преку урината. Доколку организмот не ги употреби тие ќе бидат исфрлени. Затоа секојдневно треба да се внесуваат поголеми количини од овие витамини.
 




Историја на витамините

Години на откривање на витамините и нивните извори
Година на
откривање
Витамин
Извор
1913
Витамин A (Ретинол)
Масло од црн дроб од бакалар
1910
Витамин B1 (Тиамин)
1920
1920
Витамин D (Калциферол)
Масло од црн дроб од бакалар
1920
Витамин B2 (Рибофлавин)
1922
Витамин E (Токоферол)
Масло од никулецот од житото,
нерафинирани растителни масла
1926
Витамин B12 (Кобаламини)
Црн дроб, јајца,
животински производи
1929
Витамин K1 (Филокинон)
Листест зеленчук

Витамини

Во оваа проектна задача ќе биде разгледана темата за витамини. Поради важноста на витамините за живите организми потребно е и нивно проучување. Витамините се откриени дури на почетокот на 20 - тиот век.
Биохемичарот Casimir Funk им го дал во 1911 година името „Vitamin“ (vita = живот, amin = азотна група).Заедничко својство на сите витамини:
СИТЕ ВИТАМИНИ СЕ ТЕРМОЛАБИЛНИ соединенија, односно се распаѓаат доколку бидат загреани на повисоки температури (повисоки од 60ºС).    
Витамините се важни комплексни соединенија за нормалното биолошко функционирање на живите организми. Растенијата и некои микроорганизми се способни сами да ги 
синтетизираат 
сите потребни витамини, додека животните одредени витамини ги создаваат сами, а други мора да ги внесат преку исхраната.Витамините се делат на витамини растворливи во вода и витамини растворливи во мастиВитамините се среќаваат во две основни форми: активна (дејствуваат веднаш во организмот) и неактивна (за да дејствуваат, треба да се активираат). Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма, но има и такви кои се внесуваат во неактивна форма.